Првиот натпревар во 2021 година донесе големи возбудувања, а Манчестер Сити со пресврт во последните моменти од дуелот стигна до победа над Арсенал. Менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола по натпреварот изјави дека неговиот тим не играл добро и дека му недостига енергија.
Тимот на Пеп Гвардиола сега има 53 бода, дури 11 повеќе од тимот на Тухел, но и натпревар повеќе. Ова беше импресивен 11-ти последователен триумф за Сити во Премиер лигата.
„Тие беа подобри. Арсенал денеска беше подобар тим. Да. Немавме енергија, имавме многу патувања. Не бевме на нивото потребно за денешниот ривал. Арсенал е во фантастичен момент, претходните години се мачеше да влезе во првите четири екипи на табелата, а оваа сезона ја започнаа на дното на табелата. Потоа ја свртеа сезоната и ја чувствувате енергијата, поврзаноста помеѓу навивачите и играчите на Арсенал. Не можевме да им парираме. Понекогаш победува тим кој не е подобар. Денеска се се одлучи за една минута – црвен картон, пенал… Фудбалот е тешко да се анализира бидејќи понекогаш е толку непредвидлив. Против Лестер имавме 4:0 и набрзо беше 4:3. Посебно во овој период често има пресврти, поради повредите и Ковид-19“, изјави Пеп Гвардиола по натпреварот.
„На крајот мечот го реши неверојатно подавање на Кевин де Бруин и голема борба на Родри. Арсенал е одличен тим Сака, Лаказет, Смит-Роу. Тоа го покажаа денеска, сето тоа го видовме. Се согласувам дека сите сомнителни ситуации треба да ги земе предвид ВАР, но морам да кажам дека не ги видов снимките за двата пенали, оној над Одегард кој не е досуден и оној над Бернард“, изјави менаџерот на Манчестер Сити.