ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека граѓаните поради СДСМ плаќаат повисока струја и парно.
-Ако за СДСМ ова е малку, тогаш навистина се имаат одлепено од реалноста. Се што ветуваа излажаа, се што фатија или украдоа или исушија. Ова е резултат на неодговорноста и неспособноста на власта на СДСМ. Кузеска и СДСМ да одржат уште десет прес конференции во кои ќе прикажуваат розови слики нема да го покријат фактот дека граѓаните тонат во сиромаштија, стои во реакцијата на најголемата опозициска партија по повод прес-конференцијата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Кузеска денес изјави дека со брза и навремена реакција, Владата спречи ценовен шок за граѓаните и драстично зголемување на цената на струјата.
Кузеска додаде дека цената на електричната енергија е глобален проблем потврдуваат и покачувањата на цената на струјата во многу држави, а најизразено е во Турција каде електричната енергија за домаќинствата поскапи за 50 отсто, додека за компаниите и за над 100 отсто.