Спасов за идејата на Трифонов: Време е да се почне да се ветува само она што зависи од нас

од Берта Китинска
364 прегледи

Слави Трифонов кој некогаш од еден графит на ѕидот спроти бугарската амбасада во Скопје се убедил дека Македонците ги мразат Бугарите, и кој има партија без чија подршка нема влада во Бугарија,открива денес дека Бугарија ја уценува Македонија со цел да изнуди од САД укинување на визите за Бугарите а од ЕУ да ја прими Бугарија во Шенген зоната, коментира во својата  Фејсбук  објава насловена како „Уценувачи и трговци“ професорот Ѓорѓи Спасов по предлогот на Трифонов.

-Тој како “голем” политичар денес објавува дека Бугарија би требала да биде спремна за таква трговија со САД и со ЕУ кои бараат од неа да го крене ветото за започнување на разговори на Македонија со ЕУ но и додава дека Македонија може да стане членка само откако , покрај ова, ќе прифати да испочитува се што се бара од неа при спроведување на Договорот.И толку од оптимизмот на Османи и Бучковски за очекуваното кревање на бугарското вето.А кревањето на оптимизмот и кревањето на ветото се две различни работи.Време е да почнат да го ветуваат само она што зависи од нас, а не и од други врз кои не можат да влијаат со било какви дипломатски средства, пишува Спасов.

Слични содржини