Вигенин: Треба да се биде внимателен со зборовите кога говориме за Македонија

од Nikola Popovski
356 прегледи

Зборовите на лидерот на „Има таков народ“, Слави Трифонов за Македонија предизвикаа реакција на поранешниот министер за надворешни работи и актуелен потпретседател на Бугарското собрание, Кристијан Вигенин.

Тој смета дека треба да се биде многу внимателен со зборовите и импровизираните изјави на оваа тема, потсетувајќи дека коалицискиот договор има јасна позиција за Скопје и истакна дека широкиот политички договор е клучен за одбрана на бугарскиот интерес.

На крајот од својот пост, Вигенин заклучи дека секој збор е важен, и затоа се надева дека импровизираните изјави во оваа фаза ќе бидат сведени на минимум за да не се создаде лажна претстава за пукнатини во позицијата на Бугарија или меѓу коалиционите партнери.

Трифонов денес сподели на Фејсбук дека темата Северна Македонија е важна за сите Бугари, затоа што тоа е дел од нивната национална историја и „затоа што над 200 илјади бугарски војници загинаа за слободата и обединувањето на оваа земја“.

– Бидејќи Американците толку многу сакаат Северна Македонија да е во Европската Унија, на граѓаните на Бугарија, како и на граѓаните на повеќето земји во Европската Унија, да не им требаат визи за да одат во Америка. И второ, повторно, бидејќи сме полноправна членка на Европската Унија, Бугарија мора веднаш да стане членка на Шенген зоната. По чекање и чекање и ние треба да бидеме Европејци. Сега сме помалку Европејци од вистински Европејци, напиша Трифонов.

Слични содржини