Во постојан пад е бројот на заболени лица со ковид од почетокот на годината.
На 1 јануари годинава регистрирани се 435 новозаболени и 534 оздравени, на 2 јануари 246 нови и 547 оздравени и на 3 јануари 242 нови и 247 оздравени.
Над половина од активните случаи или 52 проценти се во главниот град Скопје – 2.548, потоа следат Битола – 349, Прилеп – 321, Охрид – 247, Кавадарци – 190 и Струмица со 146 активни случаи или речиси 80 отсто од сите активни случаи се во овие шест градови, во моментов ниту еден активен случај нема во Пехчево.
Досега во земјата се направени вкупно 1.611.793 тестирања на ковид-19. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 225.972, бројот на оздравени пациенти е 213.174, на починати е 7.981. Активни случаи се 4.817.