Сцените на кои плачевте додека го гледавте „Тома“ се измислени

од Vladimir Zorba
424 прегледи

Многу сцени од филмот „Тома“, кој македонската публика можеше да го погледне на јавниот сервис за новогодишниот викенд, а на кои луѓето плачеа, се измислени, односно не се случиле за време на животот на една од најголемите пејачки легенди од овие простори, пишува Нова.рс.

Иако животот на Тома Здравковиќ е опишан низ многу тажни сцени, овој филм сепак е повеќе фикција бидејќи многу работи навистина не се случиле.

Најтажната сцена од филмот е измислена

Сцената во филмот која предизвика најмногу солзи кај публиката е онаа во која Тома ја пее познатата песна „За Љиљана“ и која ја посвети на сопругата на неговиот доктор Хаџи Поповиќ, која боледува од рак. Сепак таа во реалноста не се случила во реалноста. Тома оваа песна и ја посветил на актерката Љиљана Благојевиќ.

Д-р Хаџи Поповиќ постои само во филмот

Д-р Алекса Хаџи Поповиќ, чиј лик во филмот го толкува Петар Бенчина, одигра важна улога во животот на пејачот, но само во филмот. Го придружува на концерти, го лечи и го убедува дека треба да води многу поуреден живот. Сепак, улогата на овој доктор е измислена за да му даде на филмот поголема доза на емоции.

Најзаслужен за ова е Никола Пејаковиќ, еден од сценаристите на филмот, кој откри дека во приказната за Тома вклучил нов лик.

Тома има само еден син во филмот

Тома во филмот има син и од непозната причина не се споменува дека има и ќерка. Со првата сопруга тој ја има наследничката Жаклина, додека четвртата сопруга Гордана му го родила синот Саша.

Здравковиќ се жени двапати во филмот, иако во реалноста се жени четири пати

Веќе се познати многу детали за емотивниот живот на Тома, како и фактот дека тој беше многу вљубен во Силвана Арменулиќ. Но, преку филмот чиј акцент е ставен на љубовта на Силвана и Тома, претставени се уште две негови сопруги. Едната ја толкува Милена Радуловиќ со која се разделува поради измама, а потоа сопругата Гордана со која останува до крајот на филмот.

Во реалниот живот, Тома имаше четири брака. Првата сопруга се викала Олгица, втората Милица, третата Нада Радановиќ од Цетиње и четвртата Гордана.

Менаџерот Дрда не постоел во животот на Тома

Во овој филм важна улога има и Андрија Кузмановиќ. Тој го толкува менаџерот на Тома Здравковиќ кој му прави сериозна кариера. Сепак, Дрда во филмот е измислен лик, но човек со тоа име навистина постоел.

Драган Даковиќ или Дрда беше човек кој ја научи младата генерација актери да играат фудбал за филмот „Монтевидео“. Човекот е поранешен фудбалер, познат по својот боемизам и на многу начини помогна да се реализира тоа култно достигнување. Тој ненадејно почина минатата година.

Инаку, Тома во текот на животот имал околу пет менаџери кои му помагале во кариерата.

Слични содржини