Првиот трејлер за филмот „Тома“: Емоции во изобилие, песни за сите времиња

од Stefanija Kuzmanovska

Филмот „Тома“ е првиот биографски филм во поновата српска кинематографија, чии приказни ги следат личните подеми и падови на еден од најголемите пејачи, боеми и уметници во поранешна Југославија. Како настанале неговите најголеми хитови и зошто морал „добро да се извалка“ при пишување стих – опишаа сценаристите на филмот: Никола Пејаковиќ , Зоран Лисинац, Драган Бјелогрлиќ и Маја Тодоровиќ.

Како Тома Здравковиќ сакаше, страдаше, бегал и повторно ѝ се враќал на својата душа – ни долови Милан Мариќ во главната улога, додека ликот на раскошната Силвана Арменулиќ ѝ беше доверен на Тамара Драгичевиќ.

Сепак, Тома беше тонот, стихот и мелодијата, а сето тоа во филмот ни го донесе композиторот и продуцент Жељко Јоксимовиќ.

Петра Бенчина, Милан Колак, Сања Марковиќ, Андрија Кузмановиќ, Милена Радуловиќ ќе ги гледаме во улогите на оние што го направија неговиот живот, додека Мирјана Карановиќ и Слободан Бода Нинковиќ ги играат родителите на Тома.

Филмот „Тома“ својата светска премиера ќе ја има на 20 август на Сараевскиот филмски фестивал, додека следниот ден на 21 август ќе го отвори Фестивалот на филмски средби во Ниш.

Слични содржини