164
Голманот Андре Онана, чиј договор со Ајакс истекува на крајот на јуни, се согласил да потпише 5-годишен договор со Интер, пренесуваат медиумите од Апенините.
Репрезентативниот голман на Камерун се договорил со раководството на клубот од Амстердам во вторник да замине во Милано каде штом успешно ги мине лекарските прегледи ќе потпише со „нероазурите“. Потоа тој треба да се приклучи на својата репрезентација во Јаунде, каде што започнува Африканскиот куп на нации на 9 јануари.
Сериозен кандидат за потписот на Онана беше и францускиот Олимпик Лион, кој минатиот август го очекуваше во својот тим. Сепак, голманот избра да остане во Ајакс до крајот на договорот.