Советничката на бугарскиот премиер го посетила Скопје: Се подготвува средба Ковачевски-Петков

од Берта Китинска
171 прегледи

Советничката за надворешна политика на премиерот Кирил Петков Весела Чернева го посетила Скопје на 2 јануари, потврдија за БНТ од Советот на министри.

Чернева била во Скопје по наредба на бугарскиот премиер Петков, а целта била да се подготви претстојната посета на Петков на Скопје во јануари годинава.

Кирил Петков веќе најави дека по оформувањето на новиот кабинет во Скопје ќе се сретне со новиот премиер Димитар Ковачевски кој го наследи Зоран Заев. Петков го повтори и своето барање за надградба на преговарачкиот процес со пет работни групи.

Во меѓувреме, организациите на Бугарите од Република Северна Македонија испратија писмо до сите бугарски институции вклучени во преговорите со Северна Македонија, а бугарскиот претседател Румен Радев се очекува да го свика Советодавниот совет за национална безбедност на 10 јануари за да разговара за рамката за односите со Северна Македонија.

Слични содржини