И Камчев излегува од притвор

од Nikola Popovski
296 прегледи

Бизнисменот Орце Камчев излегува од притвор откако Апелација одлучил да ја прифати гаранцијата од скоро 11 милиони евра.

Камчев ќе има обврска еднаш неделно да се јавува во судот и да не го напушта местото на живеење, односно да не излегува од Скопје. Тој моментално е на лекување во болницата „Систина“.

Камчев беше приведен на 14 март и потоа со решение на судија на претходна постапка однесен во притвор. Одбраната на осомничениот Камчев тврдеше дека сомневањата се неосновани од причина што на нивниот клиент претходно му биле одземени патните исправи и како гаранција дека немада се даде во бегство имал дадено и имот.

На Камчев му се суди за предметот „Плацеви на Водно“.

Претходно Апелацискиот суд ја прифати жалбата на одбраната на Сашо Мијалков, поранешниот шеф на УБК, за притворот во случајот „Плацеви на Водно“ и тој веќе е во домашен притвор.

И за него гаранцијата дека нема да бега е 11 милиони евра во имот. Оваа гаранција веќе беше понудена и за притворот во случајот „Трезор”. За овој случај Мијалков доби првостепена пресуда од осум години затвор.

 

Слични содржини