Стапува на сила планот на Ирска за ограничени цени на алкохолот. Новиот закон, како што е планирано, ќе влијае на продажбата на алкохол во продавниците и супермаркетите.
Владата смета дека минималните цени се витална мерка за јавното здравје.
Мерката има за цел да ги промени опасните модели на однесување со намера да ги обесхрабри жителите од прекумерно пиење.
Според новите мерки, стандардно шише вино не може да се продава за помалку од 7,40 евра (6,40 фунти), а лименка пиво за помалку од 1,70 евра (1,40 фунти).
Алкохолните пијалоци со 40% алкохол не можат да се продаваат за помалку од 20,70 евра (17,30 фунти), а шише виски од 700 ml за помалку од 22 евра. (18,40 фунти)
Шефот на центарот за лекување на зависности во Лондондери смета дека минималните единечни цени треба да бидат „прашање што го засега целиот остров“.
Единствениот страв е дека многумина би можеле да ја преминат границата за да купат алкохол по поевтина цена.
Статистиката на Државниот комесар за приходи покажува дека нивото на консумација на алкохол во 2020 година изнесувало 10,07 литри чист алкохол по лице, што е само малку помалку – 6,6% – во споредба со претходната година, и покрај затворањето на многу пабови и ресторани во текот на поголемиот дела во 2020 година.
Потрошувачката на алкохол останува на околу 11 литри по лице од 2015 година.
Тоа е еквивалент на 116 шишиња вино или 445 шишиња пиво по возрасен секоја година.