Георгијев контра тврдењата на штипскиот градоначалник: Им беа понудени термини за прием

од Берта Китинска
388 прегледи

Откако градоначалникот на Штип Иван Јорданов, остана пред вратите на акушерското одделение со подароците за првороденото бебе во Новата година, денеска со своја рекација излезе директорот на штипската Клиничка болница, Ален Георгијев објаснувајќи дека на општинската служба и било укажано да дојде во болницата во термините кои тие ги предложиле поради протоколите и грижа за здравјето на бебињата

-Им беше понудено било кој термин вчера тоа да биде доцна попладне, вечерта или денес. За да бидеме спремни да ги пречекаме како што е редот. Откако заврши разговорот тие се појавија за половина час кај акушерското одделение глумејќи жртви дека некој тоест директорот политички не дозволил да влезат, на моите повици тие подоцна не одговорија, вели Георгијев.

Слични содржини