Научник од Оксфорд: Не можеме да ја вакцинираме планетата на секои шест месеци

од Nikola Popovski
258 прегледи

Водечкиот експерт кој помогна да се создаде вакцината АстраЗенека информира дека не е изводливо да се даваат дополнителни вакцини на сите во светот неколку пати годишно.

„Не можеме да ја вакцинираме планетата на секои четири до шест месеци. Тоа не е одржливо нитѕ достапно“, вели професорот Ендрју Полард, директор на Оксфордската група за вакцини и шеф на Британскиот комитет за вакцинација и имунизација, во интервју за „Дејли Телеграф“.

Полард, исто така, ја нагласи „потребата да се таргетираат загрозените во иднина“, наместо да се даваат дози на сите кои имаат 12 години и повеќе, пренесува Си-Ен-Ен.

„Потребни се повеќе податоци за да се утврди „дали, кога и колку често на оние кои припаѓаат на ранливата група ќе им требаат дополнителни дози“, рече тој.

Полард, исто така, смета дека се потребни повеќе докази пред да им се понуди четврта доза од вакцината на луѓето во Велика Британија, која моментално дава трета доза на здрави луѓе на возраст над 18 години и на луѓе изложени на ризик на возраст од 16 и повеќе години.

„Запомнете дека денес помалку од 10 проценти од луѓето во земјите со низок приход ја примиле првата доза, така што целата идеја за редовна четврта доза на глобално ниво едноставно не е разумна“, заклучува Полард.

Слични содржини