Бадник во Соборниот храм, присутна и градоначалничката Арсовска

од Nikola Popovski
357 прегледи

Започна прославата на Бадник во Соборниот храм во Скопје, која годинава се одбележува по јубилеен 30-ти пат.

Пред Храмот пристигнаа со пајтон стариот кум др.Никола Пановски и минатогодишниот здравичар др. Миодраг Врчаковски и новите кумови и здравичарот. Тие заедно со другите високи гости влегоа Храмот каде што во присуство на поглаварот на МПЦ г.г. Стефан и свештенослужители моментално се одвива чинот на обраќањето на поглаварот, по што ќе следува осветувањето на погачата.

Оваа година кумови се Драган Спасов –Дац и Александар Митевски и здравичарот Живко Поповски – Цветин.

Меѓу присутните во Храмот е и скопската градоначалничка Данела Арсовска.

Слични содржини