СДСМ обвинува дека градоначалничката Данела Арсовска нема ниту мерка, ниту еден проект за почист воздух во Скопје.
-Дополнително Арсовска ги намали парите за ново зеленило, за паркови и дрвореди. За 33 проценти помалку зелени садници предвидува Арсовска во Буџетот за 2022 година. Нема пари ниту за нови паркови, иако ги ветуваше, нема да има нови паркови во Аеродром, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода и Чаир. Во услови кога скопјани дишат нечист воздух неодговорно е да се намалуваат парите за животна средина, да се намалуваат парите за зеленило, за паркови, за нови садници, стои во соопштението на владеачката партија.
Утрово Скопје е најзагаден град во светот, покажуваат најновите податоци на светскиот сервис IQAir, кој го следи аерозагадувањето.
Индексот на ПМ 10 штетните честички во воздухот во Скопје изнесуваат 194. Максимално дозволена концентрација на ПМ 10 во воздухот е 50 микрограми на метар кубен.