МНР: Нема повредени или загрозени граѓани на С.Македонија во Казахстан

од Vladimir Zorba
269 прегледи

Министерството за надворешни работи известува дека согласно остварените комуникации со дел од граѓаните на Република Северна Македонија кои во моментов се наоѓаат во Казахстан истите се безбедни и засега не е регистриран ниту еден наш граѓанин кој е повреден или загрозен.

„Министерството за надворешни работи продолжува континуирано да ја следи состојбата во Казахстан и е во постојан контакт со Амбасадата на Република Северна Македонија во Нур Султан, како и со соодветните институции од земјите во регионот, со цел обезбедување соодветни информации за нашите граѓани. Истовремено апелираме до сите наши граѓани кои во овој момент се наоѓаат во Казахстан да останат на безбедни локации, да не ги напуштаат хотелите и објектите каде што се сместени и да избегнуваат собири на јавни локации. За сите прашања поврзани со безбедноста на граѓаните на Северна Македонија кои во моментот се наоѓаат во Казахстан молиме да се обратите на отворените телефони во нашето дипломатско-конзуларно претставништва во Нур Султан или во Министерството за надворешни работи. За сите наши граѓани кои планираат патување во Казахстан, апелираме да се одложи истото доколку е можно“, се вели во соопштението.

Амбасада на Република Северна Македонија во Нур Султан

Телефон: +7771 103 7070 / +7775 257 3322. Молиме да се има во предвид дека има повремени прекиди на интернетот во Казахстан.

Е-пошта: [email protected]

Адреса: Ul. “Tashenov” No3, Nur-Sultan 010000, Republic of Kazakhstan

Министерство за надворешни работи на Република Северна Македонија: Дежурен телефон активен 24 часа +389 75 273 732 и е-маил: [email protected]

Слични содржини