„Скопје дише загаден воздух зошто владата 5 години еден денар не одвои за да го намали загадувањето. Проблемот со решавање на загадувањето на воздухот е системски проблем чие решавање треба да дојде од владата. А, владата нема план и понатаму како да се справи со загадувањето на воздухот“, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.
„За разлика од владата, Град Скопје и општините прават се што е во нивна можност да го намалат загадувањето, но без работа од страна на владата поголеми резултати не се возможни, затоа потребни се предвремени парламентарни избори и избор на нова влада која ќе се бори против загадувањето на воздухот“, ја оправдаа Арсовска од Белата палата.