Почина 17-годишниот син на музичарката Шинејд О’Конор

од Vladimir Zorba
379 прегледи

Почина 17-годишниот син на кантавторката Шинејд О’Конор. Веста беше потврдена на Твитер.

„Мојот убав син, светлината на мојот живот, реши да стави крај на својата земна борба и сега е со Бога. Нека почива во мир и никој да не го следи неговиот пример. Драг мој. Те сакам многу“, напиша Шинејд на социјални медиуми.

„Дејли Мејл“ пишува дека тинејџеротисчезнал во четвртокот, па полицијата веднаш почнала да го бара. Шејн последен пат бил виден во населбата Талахт во јужен Даблин, а полицијата во саботата објави дека потрагата е прекината.

„По откривањето на телото во Бреј во Виклоу во петокот на 7 јануари, истрагата за исчезнатиот 17-годишен Шејн О’Конор беше прекината“, изјави портпаролот на полицијата, пренесе „The Sun“.

Шинејд има уште три деца, 34-годишниот син Џејк Рејнолдс, 25-годишната ќерка Роисин и 15-годишната Јешу.

Слични содржини