Откриена причината за смртта на Шинејд О’Конор: Еве што покажала обдукцијата

од Stefanija Kuzmanovska

Пејачката Шинејд О’Конор починала од природна смрт на 56-годишна возраст, соопшти денеска судскиот вештак, пренесува Daily Mail.

Музичката ѕвезда беше пронајдена во својот стан во југоисточен Лондон.

Детективите ја констатирале ненадејната смрт, а случајот до денеска се сметаше за сомнителен, пишува споменатиот медиум.

Познатата пејачка почина во јули минатата година.

Ирската пејачка Шинејд О’Конор се прослави со емотивната балада „Nothing Compares 2 U“, кога целиот свет ја засака откако ја објави оваа песна во 1990 година.

Слични содржини