Премиерот на Бугарија, Кирил Петков следниот вторник на 18 јануари ќе го посети Скопје, соопшти бугарската владина прес-служба, повикувајќи се на изјавите на Петков за медиумите.
Повод за посетата е 30-годишнината од признавањето на независната македонска држава од Бугарија.
„Треба да го промениме сфаќањето за тоа што навистина значи Република Северна Македонија да преговара со ЕУ и да биде дел од неа во иднина. Да зборуваме за сите придобивки што ќе ги имаме и ние и РСМ од овој процес“, рекол Петков.
Посетата ќе означи нов почеток во развојот на билатералните односи меѓу Бугарија и РС Македонија и ќе ги претстави следните чекори што двете влади ќе ги преземат за решавање на отворените билатерални прашања, се додава во соопштението од тамошната влада.