Се продолжува мерката: Задолжителен негативен тест за влез во Грција до 24 јануари

од Vladimir Zorba
215 прегледи

Одлуката за задолжителен негативен ПЦР или рапид тест за влез во Грција, и за вакцинираните и за невакцинираните и за оние кои прележале Ковид-19, воведена на 19 декември 2021 година, продолжена е за уште две седмици, до 24 јануари 2022 година. Мерката важи за сите патници, меѓу кои и оние од Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Новата министерска одлука веќе е објавена во Службен весник на Грција, стапува во сила утре наутро, а предвидува задолжителен негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или рапид тест 24 часа пред пристигнувањето, заедно со пополнет PLF формулар.

Нема промени во однос на невакцинираните патници, кои освен тестот направен претходно, задолжително ќе бидат тестирани и при влезот во Грција, мерка што веќе извесен период се применува, а важи за патниците кои пристигнуваат од 16 конкретни земји, меѓу кои и Северна Македонија.