Марковска: Македонската економија е стабилна и ликвидна (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
310 прегледи

„Македонската економија е стабилна поставена на добри основи и се движи во добар правец. Бројни економски параметри покажуваат дека се надминати последиците од коронакризата, а економијата е подготвена за справување со претстојните предизвици“, соопшти на прес Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ.

„Според официјалните податоци, државата во текот на 2021 година извршила поврат на ДДВ кон стопанството од 488 милиони евра што е за 22,8 % повеќе во однос на 2020 година, односно 20,8 % повеќе споредено со 2019 година. Тоа значи дека економијата е ликвидна, а прометот зголемен“, вели таа.

Растот на Бруто домашниот производ, растот на индустриското производство и растот на просечната плата се сигурен показател дека економскиот раст ќе продолжи и во оваа 2022 година.

Растот на економијата за 2022 година е проектиран на 4,6 отсто, додека растот на капиталните инвестиции ќе биде повисок за 27 отсто во однос на претходната година.