Омикрон создава „цунами од случаи” – сојот не треба да се категоризира како благ

од Берта Китинска
374 прегледи

Неодамнешните студии покажуваат дека луѓето имаат помала веројатност да имаат потешки симптоми од омикрон отколку претходните варијанти на коронавирус.

– Но рекорден број на заразени со оваа варијанта, која станува доминантна, ги ставија здравствените установи под силен притисок – изјави првиот човек на СЗО, д-р. Тедрос Аданом Гебрејесус.

Во понеделникот, САД забележаа повеќе од милион случаи на Ковид за само 24 часа.

СЗО соопшти дека бројот на глобални случаи се зголемил за 71 отсто минатата недела, а во САД за 100 отсто. Сепак, беше речено дека меѓу тешките случаи во светот, 90 отсто од нив биле невакцинирани.

„Иако омикрон се чини дека е помалку сериозен во споредба со делта, особено кај оние кои биле вакцинирани, тоа не значи дека треба да се категоризира како благ“, рече Тедрос на прес-конференција во четвртокот.

Тој нагласи дека, како и претходните варијанти, варијантата омикрон може да предизвика сериозни симптоми, како и да доведе до хоспитализација и смрт.

„Всушност, цунамито е толку големо и брзо што ги поплави здравствените установи ширум светот“, изјави тој за Би-Би-Си.

Омикрон е многу заразен и може да зарази луѓе дури и ако се целосно вакцинирани. Сепак, вакцините сè уште се клучни бидејќи помагаат да се заштитите од сериозна болест што може да ве однесе во болница.