МВР: 32 санкции за брзо возење на територија на СВР Велес

од Берта Китинска
186 прегледи

Во текот на вчерашниот ден (09.01.2022) во периодот од 08.00 до 20.00 часот на територијата на СВР Велес спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 32 возачи. Од нив еден возач ја пречекорил брзината во населено место, а 31 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, соопштија од МВР.

Оттаму додаваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.