Трајанов: Бараме Македонија да биде една изборна единица, од нас зависи дали ќе биде изгласана владата или не

од Берта Китинска
367 прегледи

Заедно со другите помали партии одамна бараме Македонија да биде една изборна единица оти од нас зависи дали ќе биде изгласана владата или не. Ние имаме конкретен предлог за тоа уште од март минатата година и очекуваме за ова набргу да се закаже седница. За иборниот праг може да преговараме, но сметаме дека во првиот круг прагот треба природно да се формира, вели за Утрински брифинг претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов кој пред некој ден постави усчов целејќи дека или Македонија ќе биде една изборна единица без изборен праг или ДС нема да ја гласа новата влада.

-Неколку пратеници, 7, 8 или 11 зависи, одржавме средба која се одржа пред камерите и се усогласивме. Од сите мали партии зависи дали ќе останеме цврсти и единствени за прашањето Македонија да биде единствена изборна единица. Така се гарантира демократија. Не значи дека ако има мали партии и поединци во Собранието Владата нема да биде стабилна. И сега не е стабилна и сега има многу партии, вели Трајанов.

Слични содржини