Владата добива четири нови министерки, Тупанчески го менува Маричиќ

од Берта Китинска
437 прегледи

Седници на Извршниот и на Централниот одбор на владеjачката СДСМ ќе се одржат денеска во седиштето на партијата во Скопје на кои треба да бидат потврдени кадровските решенија за составот на новата влада.

Според информациите на „Локално“, во владата на Ковачевски вицепремиерката позиција за борба против корупцијата ќе и припадне на поранешната пратеничка на СДСМ, Славица Грковска, додека пак Љупчо Николовски ќе замине во земјоделство.Воедно министерската фотелја во култура новиот мандатар ја планира за новата потпретседателка на СДСМ, Бисера Стојчевска, министерството за одбрана ќе го води пратеничката Славјанка Петровска, додека пак професорот на правниот факултет, Никола Тупанчески ќе го замени Бојан Маричиќ. На местото на Јагода Шахпаска доаѓа Јована Тренчевска, која сега е директорка на Државниот инспекторат за труд.Се очекува досегашниот министер за правда Маричиќ да биде вицепремиер за европски прашања, а според нашите информации во МВР, останува Оливер Спасовски, а својата позиција се очекува да ја задржи и Благој Бочварски во транспорт и врски.

Новиот владин состав вечерва треба да добие зелено светло и од Извршниот и од Централниот одбор во СДСМ. Планот е утре составот заедно со програмата да влезе во Собрание.

Ковачевски, по добивањето на мандатот од шефот на државата, изјави дека планира владата да ја предложи околу 10-11 јануари, односно во пократок рок од уставно предвидениот.