Бугарскиот државен врв на Советот за безбедност дебатира за С.Македонија

од Берта Китинска
218 прегледи

Во Софија започна состанокот на Советодавниот совет за национална безбедност што го свика претседателот на Бугарија Румен Радев, на тема „Улогата на Република Бугарија во проширувањето на ЕУ и во процесот на стабилизација и асоцијација: Република Северна Македонија и Албанија“.

Тој пред неколку дена изјави дека Бугарија продолжува да биде отворена за дијалог со Северна Македонија. Радев повика на „гарантирање на правата на македонските Бугари, откажување од јазикот на омразата, прекин на процесите на дебугаризација, фалсификување на нашето илјадагодишно културно и историско наследство“. Според бугарскиот претседател, ова само ќе помогне во процесот на евроинтеграција, за конечно Бугарија да ја отвори вратата за преговори за членство на Република Северна Македонија со ЕУ.

Новоизбраниот премиер на Бугарија Кирил Петков пред Народното собрание истакна дека владејачката коалиција има јасен заеднички став за Северна Македонија. Од говорницата на Народното собрание, Петков најави дека на 18 јануари оди во Скопје на разговори, покажувајќи дека добрососедството е основен принцип за односите на Бугарија со северна Македонија.