Бислимовски: Град Скопје и општините солидарно да се вклучат за намалување на ефектите од енергетската криза

од Vladimir Zorba
360 прегледи

„Трошокот за набавка на природен гас во јануари 2022 година во однос на јануари 2021 година е зголемен за девет милиони евра. Сметавме дека цел овој трошок не треба да падне на грбот на граѓаните и повикавме на солидарност за помош на потрошувачите од Град Скопје и општините“ кажа првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски во емисиајта „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека сите треба да покажат солидарност во овие услови на незапаметена енергетска криза со цел да се намалат ефектите од истата врз граѓаните.

Како што кажа Бислимовски, количините на природен гас за топлинска енергија се обезбедени, а проблем се финансиите на БЕГ за плаќање на природниот гас.

„ТЕТО го набавува гасот од берзата во Австрија и таму имаат 10 годишен договор за набавка на природен гас. Од аспект на количини, тоа е обезбедно, но начинот и перидот на плаќање е проблематичен“ кажа Бислимовски.

Слични содржини