Лидерот на СДСМ и иден премиер, Димитар Ковачевски ги соопшти имињата на новите министри кои ќе дојдат од неговата партија.
Предлозите за нови министри и предлог-владината програма, како што соопшти, ќе ги достави до Собранието уште во текот на утрешниот ден.
Вицепремиер за борба против корупција – Славица Грковска
Вицепремиер за економски прашање – Фатмир Битиќи
Вицепремиер за европски прашања – Бојан Маричиќ
Министерка за одбрана – Славјанка Петровска
Министер за внатрешни работи – Оливер Спасовски
Министер за правда – Никола Тупанчевски
Министер за земјоделство – Љупчо Николовски
Министерка за труд и социјална политика – Јована Тренчевска
Министерка за култура – Бисера Костадиновска Стојчевска
Благој Бочварски и Горан Милевски остануваат на досегашните позиции.