Новата Влада предводена од СДСМ значи ефикасност во работењето, одговорност и посветеност во решавањето на сериозните предизвици кои се пред граѓаните, изјави вечерва на прес претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
Примарен фокус во следните месеци, вели тој, ќе биде ставен на силниот одговор на глобалната енергетска криза која се надоврза на веќе тешката економска состојба предизвикана од Ковид пандемијата.
-Свесен сум колку граѓаните и компаниите се финансиски исцрпени и новата Влада целата енергија ќе ја насочи кон обезбедување на соодветна финансиска поддршка, зајакување на економијата, отворање на нови работни места и заштита на постоечките, истакнува идниот премиер.
Подговени се сет на мерки кои ќе значат директната поддршка за граѓаните и стопанството, ќе бидат поткрепа за семејниот буџет на граѓаните но и помош за компаниите. Во буџетот веќе има резервирани 130 милиони евра, а се прават аналзизи за алокација или обезбедување на повеќе средства.
– Ова Влада има можност во следните 2,5 години континуирано и без изборни циклуси, да се посвети целосно на економијата и квалитетот на живот на нашите граѓани, истакна тој.
Веќе има поставено одлични економски политики, но за кои, смета, е потребен многу подобар систем на имплементација од сегашниот.
– Граѓаните очекуваат ефикасност, ефективност и видливи резултати и јас, заедно со мојот тим на тоа се обврзуваме.