Директорот на приватното претпријатие „Слобода превоз“, Ленин Јовановски утрово повторно побара градот Скопје, но и Владата да им помогнат на приватните превозници.
-Ваквиот скокна цената на метанот не е поднослив и не е економско исплатлив, дотоколку повеќе што приватните превозници во процесот на својата работа се исплаќаат по цена по километар, а пресметката е според нафтата, рече Јовановски во емисијата „Утрински брифинг“.
Според него, метанот е најеколошкото погонско гориво и во поново врееме се набавени автбусите, а пресметките се правени пред повеќе од 6 години и не е предвидено во тие пресметки.
-Затоа од градот бараме да се изнајде начин, евентуално да имаме промени во одлуката, која го регулира сегментот. Од Владата бараме да интервенира со дел од оние средства што се собираат како 3 денари за еколошка такса, од секој наплатен литар гориво на превозниците, додаде Јовановски.