Делумно преуреден документ наведува дека причината за смртта на Бети Вајт е „цереброваскуларен мозочен удар“, медицински термин за мозочен удар или губење на протокот на крв во мозокот предизвикан од згрутчување или руптура на крвните садови, што резултира со оштетување на мозочното ткиво.
Во документ од Одделот за јавно здравје на округот Лос Анџелес се наведува дека мозочниот удар се случил шест дена пред да почине актерката.
Здравствената агенција и канцеларијата на округот Лос Анџелес каде се води евиденција за смртта одбија да ги коментираат информациите.
Извори блиски до актерката тврдат дека Вајт била присебна по мозочен удар и дека на крајот починала мирно во сон, за што потврдил и Џеф Витјас, долгогодишниот агент и близок пријател на актерката.
По нејзината смрт почнаа да се шират гласини дека актерката починала како последица на „бустер“ доза на вакцина против коронавирусот, но Витјас категорично го негираше тоа.
Вајт почина на 31 декември, помалку од три недели пред нејзиниот 100-ти роденден. Непосредно пред тоа, таа најави документарен филм за нејзиниот живот кој ќе биде прикажан во 900 американски кина на 17 јануари, односно на нејзиниот роденден.