290
ФК Барселона стапи во контакт со кинески Шангај со цел да започне преговори за трансфер на Бразилецот Оскар на Камп Ноу, пренесуваат шпанските медиуми.
Бразилецот наводно и бил понуден на Барселона од менаџерот на Кутињо, а Оскар би играл за каталонскиот гигант, како и Дани Алвеш за минимална плата од еден милион евра.
Офанзивниот играч за врска кариерата ја започна во Сао Паоло, а пред Кина настапуваше и за Интернасионал и Челси.
Оваа зима нов член на Каталонците стана Феран Торес, кој пристигна од Манчестер Сити на првиот ден од 2022 година.