Мандатарот на новата Влада, Димитар Ковачевски денеска соопшти дека ќе го поништи тендерот за угостителски прибор и бела техника, потребен за државните институции, што се состои и од скапи порцелански чаши и чинии.
-Немам детали за таа набавка бидејќи се уште не сум на позиција во Владата, која може да има увид во таков тип на јавни набавки. Откак ќе станам дел од владата, ќе се информирам за таа набавка и доколку е во обем и постапка која не е соодветна на очекувањата на Владата, ќе ја поништам, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање во Собранието.
-Јавната набавка се однесува на потрошен кујнски материјал за потребите на сите државни институции, вклучително Претседателот на државата, Собранието и владините институции, како и за сите посети на странски делегации во Македонија, вака вчера реагираа од Владата по објавата.