286
Популарната шпанска телевизија „Ел Чирингито“ тврди дека играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Иско Аларкон следното лето ќе ги засили редовите на лутиот ривал – Барселона!
Шпанските медиуми тврдат дека Иско веќе постигнал договор со Барселона, а новинарот Едуардо Инда, инаку уредник на „ОК Диаријо“, тврди дека тренерот на Барса, Чави и Иско се сретнале минатата недела.
Претседателот Жоан Лапорта е свесен за финансиските проблеми на Барселона, па добро ќе дојде секој слободен играч, секако доколку му се допадне на тренерот Чави.
Иско за А репрезентацијата на Шпанија забележа 38 настапи на кои постигна 12 гола.