Владина програма: Платите ќе растат во сите сектори, а истовремено и пензиите

од Берта Китинска
1,K прегледи

Платите ќе продолжат да растат во сите сектори, а истовремено и пензиите. Просечната пензија денеска е за безмалку 2.000 денари повисока споредено со 2017 година, но тоа не е доволно. На оние што својот труд го вложиле во оваа земја, треба да им се оддолжиме со спокојни пензионерски денови, да имаат и за секој ден и за внуци. Секој јануари и секој јули во годината, пензиите ќе растат помеѓу 400 и 600 денари, се превидува во новата програма на мандатарот Димитар Ковачевски.

„Во време кога се можни поскапувања имаме знаење и имаме издржан, остварлив план како да го забрзаме и да го зголемиме растот на платите. Зголемувањето на платите директно влијае на подобрувањето на стандардот на граѓаните и ја стимулира економската активности, продуктивноста на трудот, како и конкуренцијата. Тука е нашиот фокус, со сите останати мерки и економски политики, кумулативниот раст на продуктивноста на трудот да достигне до 15% за да овозможиме и реално зголемување на нето-платата низ целата економија за 11,4%. Тоа значи зголемување на просечната плата за над 3.100 денари или за 50 евра повеќе на месечно ниво. Крајната цел до крајот на мандатот реално ја проектираме на 34.000 денари просечна плата“, се вели во програмата на Ковачевски.