РЕКОРДНА ПРАТКА: 2.125 килограми марихуана за медицинска употреба од Јужна Африка во С. Македонија

од Vladimir Zorba
238 прегледи

Рекордна пратка марихуана за медицинска употреба меѓу двете земји е испорачана од Јужна Африка во Северна Македонија, соопшти американско-канадската компанија „Instadose Pharma“.

Пратка од 2.125 килограми е испратена од Јоханесбург во Скопје на 25 декември, се вели во соопштението на компанијата.

„Instadose“ наведува дека оваа марихуана за медицински цели била наменета за Западна Европа, каде што е веќе испорачана, а во Северна Македонија е извезена согласно дозволата издадена во ноември. Се додава дека компанијата има соработка со лиценцирана компанија во Северна Македонија, а има и филијали во ДР Конго, Португалија, Индија, Канада, Колумбија и Мексико.

„Ова е историска испорака и е само почеток на потенцијалот на Instadose Pharma. Испораката го потврдува и нашиот бизнис модел и компанијата како светски лидер во индустријата“, се вели во соопштението.

Основачот и извршен директор на Instadose, Грант Сандерс, рече дека неговата визија отсекогаш била таква и дека е „многу возбуден за важноста на пратката и за она што допрва следи“.

Слични содржини