Не му претстои лесен период на Ковачевски. Треба сериозно да се пристапи кон работа. Едно е граѓаните како ќе го прифатат новиот мандатар, и второ, како ќе се справи со надворешните проблеми, пред се со Бугарија, вели политички аналитичар Алберт Муслиу во Студио 10 на ТВ24.
-Во економијата ни претстои сериозна зима, има и ковид пандемија, ова се сериозни предизвици. Ковачевски ќе има потреба некои политики да ги продолжи, но и да остави свој белег. Треба да се воспостават нови контакти и да се зајакнат постоечките. Допрва треба да видиме како Ковачевски ќе пристапи на „Едно општество за сите“ вели Муслиу.
Според аналитичарот се гледа подобрување на односот со Бугарија, додавајќи дека во преговорите ќе треба да помогне и предходниот мандатар со своите меѓународни конткат.