Партиите испратија барање до Џафери: Инсистираме во најбрз рок да има седница за законот за една изборна единица

од Берта Китинска
514 прегледи

Денеска до Собранието на РМ, пратениците од помалите политички партии поднесоа барање во кое бараат од спикерот Талат Џафери во најбрз можен рок да се закаже седница и да се отвори расправата за предлог законот за една изборна единица.

-Со оглед на важноста на законот, инсистираме во најбрз можен рок да се закаже пленарна седница и да се отвори расправа по предлог законот. Инаку, со промените се предлага република Северна Македонија да биде една изборна единица со пропорционален изборен модел и без праг, се вели во писмото кое пратениците Павле Трајанов, Маја Морачанин, Бејџан Иљас, Боби Мојсоски, Љупчо Блаковски и Моника Зајкова го испратиле до Џафери, стои во барањето.

Слични содржини