257
Серхио Оливеира е блиску до трансфер од Порто во Рома, изјави новинарот Фабрицио Романо. 29-годишниот играч од средниот ред пристигнa во Италија за да ги помине лекарските прегледи пред да го потпише договорот со „Волците“.
Португалскиот репрезентативец се очекува да биде отстапен до крајот на сезоната, а раководството на Рома за тоа ќе плати еден милион евра.
Оливеира на лето ќе стане сопственост на римскиот клуб за уште 13 милиони евра.
Оваа сезона играчот од средниот ред има 24 натпревари, 5 гола и една асистенција во тимот на Порто.
Серхио Оливеира се пресели од Пакош Фереира во „змејовите“ во 2015 година. Играчот од средниот ред има одиграно 13 натпревари за португалската репрезентација.