Ковачевски: Филипче ќе му биде на располагање на новиот министер за здравство

од Nikola Popovski
243 прегледи

Венко Филипче одигра голема улога во кризата и концентрирано и смирено го водеше Министерството за здравство. Морам да оддадам почит и до сите медицински лица низ установите во земјава, кои овие две години водат макотрпна борба со пандемијата, рече новиот мандатар Димитар Ковачевски во гостувањето на емисијата „Топ тема“.

Според него, тие разговарале со Филипче и тој и понатаму ќе биде на располагање на Министерството, бидејќи е свесен човек.

-Филипче ќе му биде на располагање на новиот министер Беким Сали. Секој совет е добредојден. Исто така и Сали е стручен човек и може да се носи со оваа проблематика и ќе прими совети од другите, оценува Ковачевски.

Слични содржини