Една од најголемите светски експертки во делот на финансиите ќе биде советничка на Ковачевски

од Nikola Popovski
499 прегледи

Мандатарот Димитар Ковачевски вечерва најави дека во неговиот кабинет ќе има советници од странство.

-Еден од новите советници ќе биде наша Македонка, професорка на „Warwick“, бизнис школата во Англија, која ќе биде советник за финансии, која е еден од најголемите светски експерти во делот на корпоративните финасии и даночната сфера. Ќе ни биде од голема помош. Во план сум да разговарам со уште една Македонка, која е дел од Берлинскиот универзитет во областа на енергетиката, информира Ковачевски во емисијата „Топ тема“.

Идниот премиер исто така најави и ревидирање на резултатите на досегашните советници на премиерот во заминување, Зоран Заев, кои се уште се дел од Владата.

-Веднаш побарав листа на сите советници. Гледам дека според називите не се сите советници. Можеби некој врши линиска работа во текот на работниот ден. Мојот иден шеф на кабинет го заложив да подготви еден извештај во кој ќе се видат резултатите на советниците, додаде Ковачевски.