Кромид „без солзи“ за прв пат во продажба

од Nikola Popovski
737 прегледи

Нова брендирана сорта, сладок кромид без солзи, почна да се продава во САД и Велика Британија.

По повеќе од 35 години одгледување, со вкрстување на различни сорти, создадена е нова брендирана сорта на кромид, која нема да предизвика солзи во очите при сецкање.

Многу луѓе се обиделе да најдат начин да престанат да плачат додека сечат кромид, преку замрзнување, потопување во вода, сечење на одреден начин…

Сега тоа се промени благодарение на компанијата „BASF“, која е одговорна за продажбата на нова сорта кромид без солзи.

Овој кромид ќе биде поскап од вообичаеното, 50 пени за кромид наместо 14 пени за класичен кромид, пишува „Sky News“.

Слични содржини