Срби уапсени на „Богородица“, во „голф“ превезувале 9 мигранти од Куба

од Берта Китинска
181 прегледи

Двајца српски државјани на возраст од 19 и 20 години биле лишени од слобода од страна на полициски службеници од станицата за граничен премин и граничен надзор „Богородица“, информираат од МВР.

Во близина на бензинска станица кај Смоквица, при контрола на патничко возило „Голф”, со српски таблички, управувано од Ф.С (20), каде како совозач бил Б.Е (19), било констатирано дека во возилото се превезуваат девет мигранти од Куба, кои оствариле илегален влез во државата.Во координација со Јавен обвинител, возачот и совозачот се приведени и против нив ќе биде поднесена кривична пријава, а мигрантите биле пренесени во транзитниот центар „Винојуг” во Гевгелија, се додава во соопштението на МВР.