СДСМ: Избори нема да има, Мицкоски не ја разбрал суштината на поканата за средба

од Берта Китинска
175 прегледи

Христијан Мицкоски не ја разбрал или не сакал да ја разбере суштината на поканата за средба.Во ек на економска криза кога лидерите во светот зборуваат за поддршка на граѓаните, тој поставува услови за средба само ако има предвремени избори, стои во рекацијата на СДСМ, по изнесените информации на пратеникот Антонијо Милошоски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кој кажа дека доколку добие Мицкоски покана за средба со Ковачевски таа ќе биде прифатена под услов да се разговара за предвремени избори.

-Избори нема да има, треба да се посветиме на надминување на економските предизвици и финансиска поддршка на граѓаните.За тоа треба да разговараме и заедно да гласаме во Собранието за овие приоритетни теми.Избори значат нов трошок, нова неизвесност и нов застој на целата економија.Покрај ова, новата владата предводена од СДСМ и Димитар Ковачевски има полн капацитет и целосен легитимитет да го истера мандатот до крај, односно до 2024 и оттаму избори не се во план, соопштија од СДСМ.

Слични содржини