Македонија без Лазаров одигра храбро, но загуби од Словенија

од Nikola Popovski
302 прегледи

Македонската ракометна репрезентација одигра храбро и борбено, но изгуби на стартот од ЕП од Словенија со резултат 27: 25. Во интересен и неизвесен натпревар пресуди неискуството кај нашите ракометари, но и отсуството на Кире Лазаров, кој поради повреда ќе го пропушти целото натпреварување.

По водството од првиот дел на Словенија (13:10), во вториот дел Македонија се врати неколкупати во егал и малку трпение недостасуваше за се да биде во наша полза.

Словенците во еден момент имаа водство од 17:12, но нашите ракометари неколку пати успеваа да се вратат во игра стигнаа до негатива од еден гол, но на крајот противникот стигна до победа од 27:25.

Најефикасен во редовите на Словенија беше Јуре Долонец со 5 гола и 4 асистенции, додека Блаж Јанц постигна 4 гола со 2 асистенции, како и неговиот истоименик Благотиншек кој имаше 1 асистенција, а Кодрин, Цехте и Скубе постигнаа по 3 гола.

Од друга страна, 8 гола беа дело на Цветко Кузмановски, 5 со 3 асистенции постигна Филип Кузмановски, а 4 гола со 4 асистенции беа дело на Филип Талески.

Следниот натпревар за Македонија е на 15 јануари против селекцијата на Црна Гора (18:00), додека Словенија во истиот ден ја чека дерби-пресметка со главниот фаворит за тронот Данска (20:30).

Слични содржини