Селекторот Кире Лазаров е задоволен од играта на нашите најдобри ракометари, и покрај поразот од два разлика од репрезентацијата на Словенија.
-Горд сум на нашите момци. Одигравме одлично против тим кој игра во најдобрите европски клубови. Имавме проблеми пред натпреварот, но дадовме максимум. Задоволен сум. Спроведовме на терен доста работи коишто ги договоривме, но мислам дека паднавме на искуство. Треба да го заборавиме поразот и да одиграме два добри натпревари, рече Лазаров на прес-конференција после натпреварот.
Селекторот, кој ја има улогата и на играч, очекува да бидеме се подобри и подобро како што одминува времето.
-Дај боже да отидеме во втора рунда, но најпрво мораме да ја победиме Црна Гора. Сметам дека сме на вистинскиот пат, само да продолжиме да играме со глава и срце. Во моментов најважна е Македонија и сите наши навивачи, јасен е Лазаров.
Легендата на нашиот ракомет ќе го пропушти ова натпреварување поради повреда, со која се здобил на вчерашниот тренинг.