Прослава на Стара нова година: Василичарски оган и колбаси на дното на Охридско езеро (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
327 прегледи

Нуркачи од Охрид денеска запалија василичарски оган на дното на Охридското Езеро, по повод дочекот на Новата година според Јулијанскиот календар.

Нуркачите по трет пат го запалија овој традиционален оган во близина на музејот на водата „Заливот на коските“, на Охридското Езеро, објави нуркачкиот клуб „Амфора“ на Фејсбук.

„На богатата трпеза имаше печени колбаси и квалитетно македонско вино“, напишаа нуркачите со видео од палењето на оганот и печењето колбаси под вода.

 

Слични содржини