ТЕ-ТO: Ќе работиме со загуби доколку остане продажбата на струја под производна цена

од Nikola Popovski
273 прегледи

ТЕ-ТО АД Скопје смета дека е потребно дополнително финансирање на БЕГ АД Скопје.

Согласно постоечкиот договор за набавка на природен гас кој ТЕ-ТО АД Скопје го има со важност до 31.01.2022 година, производната цена на електричната енергија од неговата постројка, со вклучен трошок за произведена, но ненаплатена топлинска енергија изнесува 270 EUR/MWh без вклучен ДДВ, соопштија од ТЕ-ТО АД Скопје.

Во случај на наплата на топлинската енергија, производната цена на електричната енергија од ТЕ-ТО АД Скопје изнесува 251 EUR/MWh без вклучен ДДВ. Продажба на електрична енергија под производната цена означува работење во загуба на ТЕ-ТО АД Скопје.

Притоа, напоменуваме дека испораката на топлинска енергија од ТЕ-ТО АД Скопје само делумно го решава проблемот на БЕГ АД Скопје. За комплетно решавање на проблемот е неопходно дополнително финансирање на БЕГ АД Скопје, додаваат од компанијата.

Слични содржини