Биљали: Вистински луѓе по заслуга и знаење треба да дојдат на вистинските места

од Берта Китинска
322 прегледи

Проф. д-р Мерсел Биљали вели дека заминувањето на Зоран Заев создава нов психолошки момент, дека е нов почеток бидејќи луѓето се заморуваат од исти ликови.
Според него новиот мандатар ќе се фокусира на економијата. Не може во сиромашна држава да има владеење на правото, па затоа треба да се работи паралелно и на економијата и на демократијата.

-Треба да се воспостави мерит системот, тоа е она што многу недостасува. Вистински луѓе по заслуга и знаење да дојдат на вистинските места. Ако примите 10 партиски луѓе, треба да знаете дека сте револтирале 500 луѓе. Но ако вработите експерти, сите ќе речат дека е по заслуга, вели Биљали во Утрински Брифинг.

Тој вели дека ДУИ всушност губи, а на изборите добива по автоматизам. Биљали вели дека на ДУИ ѝ недостасува локомотива што ќе повлече и мора да има понуда оти само со критикување на власта не се добиваат избори.

Слични содржини